[Галерија] Од отпад до накит – племе во Етиопија прави рачни изработки од ѓубре

Племињата кои живеат во долината Омо во Етиопија го користат отпадот како материјал за изработка на модерен накит.

Долината Омо претставува дом за голем број на племиња, но францускиот фотограф Eric Lafforgue поголемиот дел од својот престој го поминал со членовите на племињата Bana, Dassanech и Mursi. Тој забележал дека модерната цивилизација полека навлегува и во овие предели, со тоа што луѓето од овие племиња развиле свои модерни навики.

Сепак, предноста на западната технологија си има свои недостатоци. Со изградбата на хидроелектричната брана, голем број племиња ќе ги изгубат земјите оставени од нивните предци и ќе бидат приморани да се преселат во модерни населби најверојатно би ја изгубиле својата прекрасна традиција.