[Галерија] Номинации за Светскиот фестивал на архитектура 2018

Центар за истражување во Ријад, селска викендица во рурална Кина и џамија без минаре во Иран се дел од проектите номинирани за награда на Светскиот фестивал за архитектура 2018 година.

Во конкуренција се вкупно 536 архитектурни проекти од 81 земја во светот. Победниците ќе бидат прогласени за време на тридневниот фестивал кој ќе се одржи во Амстердам во Ноември, а дизајните ќе ги оценуваат повеќе од 100 меѓународни експерти.

Посебна жири комисија, предводена од холандската архитектка Натали Де Вриј, ќе го прогласи Светскиот објект на годината.

Во продолжение дел од номинираните проекти во различни категории. Целосната листа можете да ја најдете на следниот ЛИНК.