[Галерија] Лудилото во клубовите во раните 90-ти

Тилман Брембс е германски фотограф кој бил активен во светската техно сцена уште од самиот почеток. Берлин, Париз, Токио – секаде каде имало техно клубови, Брембс бил присутен.

Работејќи за магазинот Frontpage во 90-тите, Брембс документирал сé што се случувало во клубовите. После години архивирање на неговите фотографии, неодамна ги споделил на интернет во рамките на неговиот проект Zeitmaschine.

„Чекав долго време пред да се окупирам себеси со овие слики повторно, да ги разгледам и скенирам. Понекогаш се потребни неколку години за да можеш да ги погледнеш работите од друг агол“, вели тој.

„Денес ова е богатство поголемо од тоа што можев да замислам. Сликите се како добро вино, колку сепостари толку се подобри. Гледајќи некои од фотографиите денес, одеднаш станав свесен за ситуациите повторно. Буквално можам да ги мириснам, слушнам и видам“, додава.

Извор: Mixmag