[Галерија] Куќичка за студенти во Шведска

И додека македонските студенти тешко доаѓаат до место во студентските домови, од кои голем дел се препуштени на  забот на времето, во Шведска работите се поинкви. Таму,  со цел да се подобри квалитетот на живеењето, архитектите во „Тengbom“ создадоа одличен прототип на куќичка наменета токму за студентите. Засега прототипот е изложен во Virserum Art Museum во Шведска, но до година поголем број вакви куќички ќе им бидат ставени на располагање на заинтересираните студенти.

http://www.tengbom.se/en-US/projects/207/smart-student-units

[Галерија] Куќичка за студенти во Шведска

Станува збор за еколошка куќа, целосно изработена од дрво и лесна за транспорт. И покрај тоа, освен модерниот дизајн внатре, во просторот од десетина квадратни метри е сместена трпезарија, кујна, биро за работа, бања, а по скалите се стигнува и до малата спална.

[Галерија] Куќичка за студенти во Шведска

[Галерија] Куќичка за студенти во Шведска

Од Tengbom со својата иновација велат дека сакале да покажат дека и на мал простор, студентите ќе можат квалитетно да живеат. Малата куќичка нуди можност за поставување соларни батерии, има целосна изолација на ѕидовите и двојно стакло на прозорците што помага без проблем да се поминат студените зими во Шведска бидејќи не се губи топлина. Поради добрата изолација, во лето пак нема потреба од климатизер.

[Галерија] Куќичка за студенти во Шведска Според најавите, во 2014 година,  22 вакви куќи за студенти, веќе ќе им бидат достапни за оние кои се запишале на Универзитетот Лунд во Шведска.