[Галерија] Ќе се „сади“ пловечка шума во Ротердам

Европските градови се стремат кон зголемување на зелените површини, но честопати е невозможно да се насадат дрвја среде бетонот. Затоа Холанѓаните се досетиле и почнуваат да прават паркови среде водените површини.

Ротердам ќе ја добие својата прва пловечка шума во 2016 година. Таа ќе има дваесет дрвја, кои ќе бидат  „засадени“ во централното пристаниште.

Инспирирани од Jorge Bakker и неговото дело „In Search of Habitus“, што претставува аквариум полн со бонсаи, холандски дизајнери и претприемачи од Mothership одлучија да ја спроведат оваа идеја во „вистинскиот живот”.

По успешното експериментирањето со едно дрво минатата година, планирано е поставување на цела лебдечка шума од дваесет дрвја на 16 март, 2016 година.

Како што појаснуваат дизајнерите, со оваа иницијатива се преиспитува односот помеѓу човекот и природата, како и поврзаноста на луѓето, градовите и зеленилото. Целта е со пловечката шума, Ротердам да стане позелен град.