[Галерија] Илустрации од борба помеѓу цртан лик и неговиот креатор

Овие илустрации од уметникот и веб-дизајнер Alex Solis од Чикаго го вкрстуваат 2Д и 3Д светот за да покажат борба помеѓу цртан лик и неговиот создавач. Тој прави мешавина од фотографија и цртеж, при што се добиваат живописни дела.

Ваквите илустрации на овој уметник не се единствени. Тој својата работа ја споделува на повеќе социјални мрежи како и на неговата веб-страница. Неговите цртежи претставуваат своевидна критика за одредена општествена појава.