[Галерија] Илјадници луѓе во Азија и Австралија се собраа да го гледаат затемнувањето на Сонцето

Индонезија доживеа целосна соларна еклипса откако Месечината помина пред Сонцето, додека соседните земји, вклучително и делови од Австралија можеа делумно да го гледаат затемнувањето. Илјадници луѓе се собраа да ја гледаат ретката небесна појава, користејќи специјални очила, маски за заварување и рентген снимки за да ги заштитат очите од Сонцето. Целосно затемнување на Сонцето се случува кога Месечината ќе го попречи патот на Сонцето, а нејзината сенка ќе ја покрие земјината површина. Ова е првото од двете затемнувања оваа година, другата соларна еклипса ќе се случи над Африка 1 септември.