[Галерија] Бојни полиња од Првата светска војна, 100 години подоцна

На денешен ден (11 ноември) во 1918 година, потпишано е примирје во Првата светска војна, а со капитулацијата на Германија, се завршил дотогаш најголемиот воен судир во историјата на човештвото. Фотографот Michael St Maur Sheil поминал седум години на проектот Fields of Battle – Lands of Peace 14-18 , во кој се оддава почит на жртвите на страдањата од Првата светска војна. Тој фотографирал бојни полиња, претежно на Западниот фронт, во Франција и Белгија, на кои и денеска се видливи трагите од воените разурнувања.

[Галерија] Бојни полиња од Првата светска војна, 100 години подоцна

Сцена од меморијалниот парк Њуфаундленд, кој постои во знак на сеќавање на војниците од Кралската канадска регимента кои загинале во битката на Сома. Трагите од гранатите и рововите се уште се видливи денеска

[Галерија] Бојни полиња од Првата светска војна, 100 години подоцна

Поле во близина на Верден, кое и денеска ги носи лузните од жестоките борби

[Галерија] Бојни полиња од Првата светска војна, 100 години подоцна

Кратерот Лошнагар во близина на Сома, Франција, широк 90 метри и длабок 21 метар – најголемиот кратер во светот направен од човечка активност

Бодлива жица во долината на реката Вајс во Алзас, Франција

Бодлива жица во долината на реката Вајс во Алзас, Франција

[Галерија] Бојни полиња од Првата светска војна, 100 години подоцна

Британско извидничко место во близина на Ебитерн, изградено во 1917

[Галерија] Бојни полиња од Првата светска војна, 100 години подоцна

Остатоци од муниција за митралез

[Галерија] Бојни полиња од Првата светска војна, 100 години подоцна

Месноста Бит де Вокуа во Франција. На врвот на овој рид некогаш имало село, кое е комплетно уништено во гранатирање меѓу 1915 и 1918

Надгробен споменик на германски гробишта во Машо, Франција

Паметник на германски гробишта во Машо, северна Франција

[Галерија] Бојни полиња од Првата светска војна, 100 години подоцна

Надгробно обележје на еден од последните недопрени гробови на бојното боле во областа Шампањ. На него е напишано: „Гроб на Едуар Ивалди, водник“.

[Галерија] Бојни полиња од Првата светска војна, 100 години подоцна

Неексплодирана граната во близина на селото Пашендале во Белгија

[Галерија] Бојни полиња од Првата светска војна, 100 години подоцна

Бојното поле во Бомон Амел, северна Франција, со кратери од гранати и ровови

Извор