[Галерија] „Баш си сладок, штета што си во кола“ – акција во Белград за употреба на велосипеди

Во рамките на овогодишната Недела на мобилност, белградската иницијатива „Улици за велосипедисти“ организираа акција низ српскиот главен град за подигање на свеста за поголемо користење велосипеди.

Преку креативни, хумористични и интересни пораки, тие велат дека сакале да ги потсетат граѓаните дека и велосипедите можат да се користат како начин на превоз, особено во тек на пандемијата кога од голема важност е одржувањето физичка дистанца.

Во продолжение погледнете дел од фотографиите и пораките преку кои тие го привлекуваа вниманието на својата акција.

Автор на фотографиите е Јадранка Илиќ.