Фрлен солзавец на ЛГБТ забава во Загреб

Во загрепскиот клуб Супер Супер минатата ноќ бил фрлен солзавец за време на ЛГБТ забава.

На Фејсбук страницата на клубот, известува Index.hr, во коментари посетителите пишувале дека неколкумина присутни на нападот биле итно однесени во болница, бидејќи со раце ги кршеле прозорците за да дојдат до воздух.

„Како и на сите наши забави досега единствено на што нашите вечери мирисаат е љубов. Жал ни е што општеството во кое живееме сака да го оспори правото на тоа, но ова е јавен проглас дека љубовта е единственото за што се бориме и никаков солзавец нема да ни оспори да го добиеме она што го заслужуваме. На сите им се извинуваме за негативното искуство кое беше вон наша моќ и јавно ви ветуваме дека ќе се бориме за сите нас. Ве сакаме!“, напишале на Фејсбук сопствениците на клубот.

Од загрепската полициска управа јавуваат дека нападот се случил околу 3:30 часот во населбата Трње. Непознат сторител го активирал солзавецот, а две лица се полесно повредени во текот на бегањето од клубот“.