Фрчкоски нов декан на Правниот факултет на ФОН

Професорот Љубомир Данаилов Фрчкоски е нов декан и професор на факултетот за Правно–политички науки на унивезитетот ФОН.

Фрчкоски е професор по меѓународно право, меѓународни односи, Современи политички теории и др.Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1981. Во 1986 година магистрирал на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, а со титулата доктор на науки се стекнал на Универзитетот „Едвард Кардељ“ во Љубљана во 1989 година.

Повеќе од 3 децении предаваше и стана еден од најдобрите и највлијателните професори на државниот универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје.

Работниот однос со универзитетот ФОН започнува со почетокот на новиот семестар од 1 март.