Француските писатели се нудат да ги платат казните на книжарниците кои останаа отворени за време на пандемијата

Група на француски автори се понуди да ги исплати казните на книжарниците кои останаа отворени и покрај воведените мерки за државен карантин.

Ветувањето било дадено од страна на авторот на едни од најпродавани книги, Александре Жардeн, кој истакнал дека авторите се здружуваат во мисијата и покрај воведените мерки за државен карантин.

Според француските закони за карантин кои се на сила до 1 декември, отворени се само најважните продавници и бизниси. Во оваа категорија не спаѓаат книжарниците.

„Нема да дозволиме нашите книжарници да се затворат. Не можеме да дозволиме полицијата да навали врз нив“, додал Жарден кој изгубил близок роднина поради коронавирусот минатиот месец. Според Жарден, ситуацијата треба сериозно да се сфати, но тој се плаши за кревката иднина на независните книжарници.

Продавниците можат да продаваат книги, но само преку интернет – што е предизвик за помалите бизниси. На супермаркетите им е наредено да ги затворат своите книжевни оддели.

Жарден нагласил дека наградуваниот автор Диди ван Ковелер, се понудил да ги исплати казните на книжарите во Кан.

„Јас ќе платам за една книжара, нареден автор ќе плати за втора книжара. Не постои држава со морално право ќе затвори книжарници“, изјавил Жарден.

На почетокот на вториот француски карантин, париската градоначалничка Анa Марија Хидалго, неуспешно побарала книжарниците да бидат отворени, додека јавноста ја замолила да не нарачува книги од „Амазон“. Ваквиот повик го поддржал и бившиот претседател Франсоа Холанд.

Книжениот критичар Франсоа Бушнел соопштил дека ќе започне петиција против затворањето на книжарниците, додавајќи дека Франција се лишува себеси од најдобриот батаљон за соочување со обскурното.

„Како што увидовме од првиот карантин, има милиони луѓе во државава кои сакаат да читаат, кои имаат потреба од читање. Да се затворат книжарниците значи да се осуди цела секција од културната економија, што за дел од неа би значели и комплетно исчезнување“, изјавил Бушнел.

Тој исто така дополнил дека властите прават огромна услуга на компанија што почнува на буквите АМА и завршува со буквите ЗОН.

Минатата недела, група од француски писатели и издавачи протестирале на брод на реката „Сена“ во одбрана на литературата, а како протест против затворањето на книжарите. Полицијата принудно го сопрела возилото и го растерала луѓето кои протестирале.

Извор: Guardian