Францускиот филм се снима кај Градско, сообраќајот пренасочен по стариот пат

Поради снимањето на францускиот филм „А фонд“, затворен за сообраќај ќе биде дел од магистралниот пат од мотелот Македонија до Градско, во периодот од 5 часот наутро, до 18 часот попладен.

 

Како што соопштија од АМСМ, сообраќајот ќе се одвива по стариот пат кој е обележан со соодветна сигнализација. Според најавите, снимањето на оваа локација ќе трае до четврток и е планирано да се одвива во работните денови.

За потребите на овој филм претходно беше затворена и скопската обиколница, како и патарината Петровец.