Француски и шпански новинари приведени во Венецуела

Двајца француски новинари биле уапсени во Венецуела, тврди француската амбасада во земјата, додека уште двајца новинари кои работеле за шпанска новинска агенција исто така биле приведени од властите.

Новинарите од Франција, именувани како Пјер Каил и Баптист Дес Монстиер, од телевизискиот канал ТМЦ биле приведени во вторникот додека ја снимале претседателската палата во Каракас, јави агенцијата Франс Прес.

Меѓу приведените бил и нивниот венецуелски продуцент, Роландо Родригез, пренеле од Унијата на новинари од Венецуела.

Уапсени се и видеопродуцентот од Колумбија, Маурен Барига и шпанскиот новинар Гонзало Домингес, соопштиле од шпанската агенција ЕФЕ. Приведен бил и колумбискиот фотограф Леонардо Муњоз кој ги следел демонстрациите на опозицијата во главниот град на Венецуела.

Министерот за надворешни работи Жорге Ареаза ги обвинил странските новинари дека влегле во земјата без потребните работни дозволи.

Од Репортери без граници го осудуваат „насилството од безбедносните сили против новинарите“ во Венецуела и надвор од границите на земјата.