Франција воведува казна за луѓето кои ќе бидат фатени како плаќаат за секс

Франција отсега е петтата европска земја што ќе ги криминализира клиентите на сексуалните работнички.

Францускиот парламент вчера усвои закон со кој е забрането да се плати за секс. Прекршителите може да бидат казнети до 3 750 евра и се бара да присуствуваат на часови во врска со условите на сексуалните работници.

Контроверзниот закон ја прави Франција петтата европска земја што ги криминализирала клиентите на сексуалните работници, приклучувајќи се на Шведска, Норвешка, Исланд и на Велика Британија, според. Подведувањето, пак, се казнува во целиот регион.

Законот, исто така, утврдува мерки кои ќе им помогнат на сексуалните работници да најдат нова работа, и им олеснува на странски сексуални работници да се здобијат со дозволи за привремен престој.

Социјалистичката влада на Франција го поздрави новиот закон. Мод Оливие, кој го предложи законот вели дека е од суштинско значење со цел да се стави крај на идејата дека е нормално да се купи нечие тело.

Но, речиси 30 000 сексуални работници не го делат мислењето на Оливие. Околу 60 демонстранти, вклучувајќи ги и сексуалните работници протестираа против новиот закон надвор од Собранието, некои носеле натпис на кој пишувало:„Не ме ослободувајте, можам да се грижам за себе“.