Франција: родители можат да добијат казна затвор поради објавување на фотографии од нивните деца на Фејсбук

Француските родители би можеле да добијат парична казна, па дури и казна затвор поради нарушување на приватноста на нивните деца, поради објавување интимни фотографии од нив на социјалните мрежи.

Адвокатите и полицијата во Франција ги предупредија родителите дека нивните деца можат да ги тужат кога ќе пораснат поради загрозување на нивната безбедност, или приватност преку објавување на слики од нив на Фејсбук, или на друго место, кога биле помлади.

Покрај ризикот од педофилија, на срамот кој може да им се направи на децата, се гледа како легитимна причина за тие подоцна да ги тужат своите родители. Според строгите француски закони за приватност, ова може да резултира со парична казна од 44 000 евра, или до една година затворска казна.

Ерик Делкроа, адвокат за приватност и етика на интернет, вели дека однесувањето на родителите онлајн било многу подобро од нивните сегашни потомци.

„За неколку години, децата можат лесно да ги тужат нивните родители поради објавување фотографии од нив кога биле помлади“, рече Делкроа.

Француската полиција го следи примерот на германската полиција, која покрена кампања за приватноста на децата, со поставување на предупредување на Фејсбук страниците на родителите.