Фотографирани кафеави мечиња со фотозамка во Маврово

Националниот парк „Маврово“ објави фотографија од кафеави мечиња направена со помош на фотозамки.

Фотографијата е во рамки на проектот за закрепнување на Балканскиот рис кој се реализира кој се реализира во соработка со Македонското еколошко друштво.

Систематски активности на подрачјето на НП „Маврово“ се предвидени со акцискиот план направен од Македонско еколошко друштво и ќе се спроведува до крајот на 2020 година.