[Галeрија] „Шарената дружина“ изложба на фотографии на младите со Даунов синдром

„Шарената дружина“ е изложба на фотографии која синоќа беше отворена во Јавна соба, како производ од работилниците со фотографката Фросина Илиевска и 10 учесници со Даунов синдром.

Низ фотографиите на изложбата посетителите можат да го погледнат светот низ објективот на Ена Митревска, Јулијана Петровска, Моника Бисовска, Дарко Ефтимовски, Никола Колев, Оливер Блажевски, Флоренс Герет, Елизабета Петковска, Александар Матовски и Илина Георгиева.

Во продолжение дел од атмосферата на отворањето на изложбата низ објективот на фотографот Ванчо Џамбаски: