[Фото] Заплака исечениот костен во Центар

Непознат уметник му нацрта солзи на исечениот костен во Центар, едно од двете дрва што пред десетина дена беа отстранети од плоштадот. Сечата на костените беше направена на барање на градските власти, а со оправдување дека дрвјата биле стари и болни.

Ваквата акција наиде на силно неодобрување од страна на жителите на Скопје, револтирани од тоа што ги снемува дрвата во централното градско подрачје.