[Фото] „За почиста Македонија“ викендов собра 25 ќеси ѓубре од Скопското кале

Активистите во склоп на еко-кампањата „За почиста Македонија“ викендов од Скопското кале собраа 25 ќеси ѓубре, односно, од пластични шишиња, конзерви, ќеси, па се до отпад за кој, како што велат, „најверојатно е оставен од вработените кои го одржуваат местото“.

„Овој викенд организиравме чистење на Скопско Кале кое беше затрупано со расфрлан отпад. На сликите јасно се гледа негрижата која ја има Град Скопје кон Скопската тврдина – Кале, која е една од најатрактивните локалитети за посета особено за туристите“, стои во објавата на нивната Фејсбук страница.

Собраното ѓубре, тие додаваат дека го одложиле до контејнерите, за кои велат дека биле преполни и дека околу нив имало расфрлано ѓубре.

„Електричниот отпад, пластичните столици и туби ви ги оставивме да видите како се грижат вработените за чистотата на Скопско Кале“, се додава во нивната објава.

„Не барајте човек за пример, бидете еден!“, порачуваат од „За почиста Македонија“.