[Фото] Во Скопје пристигна еколошкиот билборд за прочистување на честичките и свеста за загадувањето

Еколошкиот билборд „City treе“ конечно пристигна во главниот град, откако имаше одолжување од неколку месеци за издавање на сертификати за растителниот материјал.

Се работи за инсталација, комбинација од васкуларни растенија и мовови кои креираат симбиоза, заедно функционираат и придонесуваат за прочистување на амбиентниот воздух. Истовремено, треба да придонесат и за „прочистување“ на свеста и навиките на граѓаните и институциите кон аерозагадувањето, односно „City tree“ треба да претставува и дневен потсетник за горливиот проблем со воздухот и мерките кои треба да се реализираат за животната средина во текот на цела година.

Билбордот „City Tree” е поставен на улицата „Никола Кљусев“, во близина на хотелот „Мериот”, каде денеска Секретарот на Град Скопје, Марјанчо Тодоровски рече дека градските власти се отворени и ги поддржуваат иновативните проекти во различни општествени сфери, а особено во областа на заштитата на животната средина.

„Се надевам дека овој еколошки билборд нема да биде единствен во нашиот град“, нагласи Тодоровски.

Promocija na zelen bilbord (4)

Амбасадорката на Германија во Македонија, Кристина Алтхаузер нагласи дека климатските прашања ги надминуваат границите на државите.

„Прашањата поврзани со заштитата на животната средина се приоритет во Германија. Нашата влада многу посветено работи на овие теми, а поттикнува активности за заштита на средината и во странство. Ми претставува задоволство што реализацијата на овој проект е резултат на партнерство, на симбиоза, исто како што функционира и билбордот ‘City Tree’ од кој корист ќе имаат граѓаните на Скопје“, изјави Алтхаузер.

Еколошкиот билборд, како што објасни Ана Чоловиќ Лешоска, од „Еко-свест“ претставува комбинација од васкуларни растенија и мовови кои креираат симбиоза со моќ да апсорбираат штетни честички од воздухот (NО2, CО2 и цврсти честички со големина од 10 и 2,5 микрометри).

Билбордот има ефект на филтрирање воздух како 275 дрвја, годишно. City Tree е одржлива инсталација со систем за наводнување, зафаќање на дождовницата и соларен панел.

Ваков билборд вчера беше поставен и во Тетово.

Ekoloski bilbord