[Фото] Тетовци протестираа поради енормното загадување

[Галерија] Тетовци протестираа поради енормното загадување

Симболично, во пет минути до 12:00 часот, на плоштадот во Тетово неколку стотици тетовци со гас-маски одржаа протест против енормното загадување во градот. Протестот го поддржаа активисти, преставници од невладини организации и граѓани од Тетово и околината со мотото „СТОП за канцерогеното загадување на Тетово и околината“.

[Фото] Тетовци протестираа поради енормното загадување

Еве го обраќањето на организаторите на протестот, кое го пренесуваме интегрално:

„Ние, граѓаните на Тетово, излеговме денеска да протестираме, да го кренеме нашиот глас за да кажаме СТОП на канцерогеното загадување на средината каде што живееме. Ние треба да реагираме за да се стави крај на овој еколошки геноцид кој му се случува на Тетово и околината со цел да им овозможиме на нашите најблиски најмалку да вдишуваат чист воздух. Ова мисија треба да биде исполнета како превентива од канцерогените и респиративните заболувања,кое го носи ова на загадување.

Ние, без разлика на политичка, идеолошка, верска, етничка и друга припадност ТРЕБА заедно и енергично да реагираме за да обезбедиме побезбедна средина за живеење не само за нас туку и за идните поколенија.

Ние ТРЕБА да му кажеме СТОП на оваа канцерогено загадување на Тетово и околните општини.

Нашите барања се многу јасни:

  • Владата да преземе конкретни мерки кон најголемите загадувачи пред се на  Југохром и на сите други загадувачи да паузираат со производството се додека не ги постават соодветните еколошки филтери;
  • Итно решавање на проблемот со дивите депонии во Полошкиот регион;
  • Владата да ги субвенционира со 30 посто сметките за струја на домаќинствата за време на грејниот период, со тоа што ќе се намали употребата на дрвјата и јагленот;
  • Општинските и владините инспекции за животна средина да ги казнат  сите оние лица кои несовесно ја загадуваат околината со токсични  материјали во општините Тетово, Теарце, Јегуновце, Желино, Боговиње и Брвеница.

Доколку овие наши легитимни и човечки барања не се реализираат до 15 јануари, ние како Организативен одбор ќе бидеме приморани да превземеме порадикални мерки!“, се вели во обраќањето.

[Галерија] Тетовци протестираа поради енормното загадување

[Фото] Тетовци протестираа поради енормното загадување

Елена Мишевска