[Фото] Свидетелството на Алберт Ајнштајн

Дел од обемната архива на документи кои му припаѓале на Алберт Ајнштајн стана достапна на интернет. На веб-страницата Einstein Archives Online, поставени се фотографии, документи, записи, писма и телеграми на прочуениот научник. Документите ги чуваат Хебрејскиот универзитет на Ерусалим и Калифорнискиот институт за технологија, а изложена е и Нобеловата награда која научникот ја добил во 1921. Меѓу 2000-те документи се и училишните свидетелства на Ајнштајн и документи во кои пишува дека тој имал проблеми со дисциплината на училиште. И покрај воспоставениот мит дека Ајнштајн бил многу слaб ученик, овие документи покажуваат дека тој покажувал солиден успех. Како што се гледа од свидетелството од 1896, тој бил одличен ученик, со шестки главно по „неговите“ предмети – физика, алгебра и геометрија (оценките се од 1 до 6).

[Фото] Свидетелството на Алберт Ајнштајн