Дождот не ги спречи средношколците попладнево, по втор пат да ја излезат на улицата пред МОН за да го изразат својот револт од игнорантскиот однос на надлежните и ќе побараат да продолжи дијалогот.
Со силни свирежи и скандирање „Доста беше молк“, тие ги потсетија надлежните дека се уште седат во кампот и очекуваат одговор на нивните барања.
„Нема да си одиме. Како што останавме и претходно кога силно врнеше, така нема ни сега“, порачаа од Средношколскиот пленум.
На денешниот краток протест излегоа околу стотина средношколци, но и наставници и родители.
„Иако сме малку не не поколеба дождот. Утре во исто време (овде) и да бидеме помасовни“, порачаа средношколците.