[Фото] Скопјани направија елка од пластичен отпад

Ред по ред, со пластични шишиња собрани преку акција на социјалните мрежи, скопјани по седми пат направија елка.

Елката се китеше кај Форум, каде ќе остане во наредните денови.

Целта е да се подигне свеста кај граѓаните за важноста од селектирање на отпадот.

*Фотографиите се позајмени од профилот на #ЕлкаМк