[Фото] Река Серава обоена во црвена боја – Државниот инспекторат ја истражува причината

Дежурните инспекциски екипи на Државниот инспекторат денеска излегоа на терен по пријавено загадување на река Серава во Карпош. Фотографии од реката обоена во црвена боја се споделуваа на социјалните мрежи.

Од Министерството информираа дека пријавата до нив стигнала во утринските часови.

„Дежурната екипа на Државниот инспекторат за животна средина, во координација со Овластен инспектор за животна средина од Општина Карпош се излезени на терен и вршат вонреден инспекциски надзор при што ке се констатира фактичката состојба на терен. Подетални информации по однос на инцидентот ке се споделат со јавноста по доставениот Извештај за вонредниот инспекциски надзор од дежурните екипи“, стои во известувањето од Министерството, од каде ги повикаа граѓаните и понатаму да пријавуваат вакви случаи.