[Фото] Протестен перформанс „Ноќ на лицето на режимот“ пред Влада

Мајкл Протуѓер Маерс, Крвавиот Нино, Сашо Лектор беа само дел од маските кои вечерва се најдоа на протестниот перформанс пред Влада, организиран од активисти на граѓанската иницијатива „Ајде“. под мотото „Ноќ на лицето на режимот“.

Маски со лица од власта, медиумите и претседателот беа дел од перформансот со кој активистите симболично го покажаа својот револт кон владејачката гарнитура, и како што велат, гневот и болката која им ја нанесувал режимот во изминатите 10 години.

„Ноќ на лицето на режимот“ е перформанс преку кој уште еднаш ќе го покажеме режимот во неговата вистинско светло и ќе му ги симнеме маските на сите негови наводни успеси, вработувања, победи, прослави и грижа за обичниот човек“, се вели во соопштението од граѓанската иницијатива „Ајде“.