[Фото] Пожар во Министерството за правда

Пожар изби попладнево во канцеларија на најгорниот кат во Министерството за правда.

Очевидци споделуваат фотографии од пожарот на социјалните мрежи, од кои може да се забележи дим како излегува од горните спратови на зградата.

Од противпожарната бригада информираат дека во гаснењето се вклучени шест цистерни со повеќе пожарникари. Пожарот бил пријавен во 16.45 часот, но засега не се познати причините за избувнувањето.

Гаснењето  на пожарот се уште е во тек.