Кај Женска плажа на Охридско езеро гореше пожар откако се запалија трски. Екипа од противпожарна бригада го гасеше пожарот со млазови вода, а активисти стравуваат дека со пожарот може да се настрадани лебедчиња.
„Не се проблем трските чиј корен ќе остани и ќе пушти нови млади трски! Проблем се штотуку испилените лебедчиња кои живи изгореа! Проблем се и разно-разните други птици!“, напиша преку Фејсбук активистот Васко Јолевски од Здружението „Каприкорн2010“, објавувајќи и фотографии од пожарот.