[Фото] Отворен „Флипбук филм фестивал 2025“ во Кинотека

Со специјална проекција и домашна премиера на филмот „Неми филмови“ на македонскиот автор Крсте Господиновски, синоќа официјално беше отворен овогодинешниот „Флипбук филм фестивал“ во Кинотека на Македонија во Скопје.

Се работи за филм кој годинава во мај имаше премиера на „Анеси“ и веќе освои неколку награди на филмските фестивали.

На отворањето на „Флипбук филм фестивал“ имаше и изложба, проекција на девет кратки филмови и потоа диџеј сет на Шурбе.

Фестивалот денес продолжи со Европската панорама од 17 часот, изложба на Симон Калајџиев од 19, официјална програма од 20:30 и диџеј сет на Луки од 23 часот.

 

Фото: Флипбук филм фестивал