[Фото] Ново вештачко езеро „Баричка“ во Аеродром

Денеска градоначалникот Ивица Коневски го пушти во употреба новото вештачко езеро во општина Аеродром. Езерото „Баричка“ се наоѓа во близина на училиштето „Љубен Лапе“ и се протега на простор неколку стотици метри квадратни. Од општината велат дека се задоволни со реалзиацијата на овој проект и ги повикаа граѓаните да го користат новиот простор за рекреација и спортски риболов.

Ова не е вистинска вест, туку станува збор за акција на неколку жители на општината кои решиле да се пошегуваат со неажурноста на службите, откако вчера во Скопје заврна пороен дожд и создаде езерзца по дупките на улиците.

„Ова е еден од моите омилени проекти. Покрај рибарењето, езерото во иднина ќе нуди можност за други спортови. Со новите дождови кои се очекуваат во септември и октомври, покачениот водостој ќе овозможи езерото да се користи и за за нови спортови како веслање, пливање и евентуално ватерполо.“ стои во измислената изјава на градоначалникот Коневски.

На фотографиите кои граѓаните ги испратија во име на општината, се гледа како тие веднаш со ентузијазам се впуштиле во ловење на риби во „новото вештачко езеро“.