[Фото] Мизерни услови во училиштето во реканското село Видуше

Прокиснат таван, мувла на ѕидовите и мизерни услови се секојдневие за учениците кои учат во реканското село Видуше. Преку фотографиите од основното училиштето во селото, поставени на Фејсбук групата „Реканска дијаспора“, граѓаните укажуваат на сериозноста на ситуацијата и бараат што е можно побрзо решавање на проблемот . Тие коментираат дека иако наскоро се очекува пуштање во употреба на ново училиште во селото, децата се уште настава посетуваат во небезбеден и руиниран објект.