[Фото] Марш низ Скопје против насилството врз сексуалните работници

Со црвени чадори во рацете, сексуални работници, граѓани и активисти излегоа на марш низ Скопје во пресрет на Меѓународниот ден за запирање на насилството врз сексуалните работници, 17 декември. Стигмата убива, порачаа тие.

Првиот колектив на сексуални работници „Стар Стар“ од Скопје, годинава по осми пат се приклучува кон глобалната акција за солидарност кон овие работници. Од колективот укажуваат дека тие се плашат да пријават насилство бидејќи не веруваат дека институциите ќе ги заштитат. Дополнителен проблем, според Борче Божинов, од „Стар Стар“ е непостоењето закони за нивна заштита, што допочнително ги обесхрабрува овие лица да се спротивстават на насилството кое ја прати нивната работа.

Црвениот чадор пак кој е дел и од маршот во Скопје, е глобален симбол на сексуалната работа.