[Фото] Ла линеа предупредува на опасна дупка кај Бањиче

Огромна дупка на патот за тетовско Бањиче стои веќе три години. Таа го зафаќа делот на една од главните рекреативни пешачки патеки.

Револтирани, група тетовски активисти реши да направи герила акција со цел да го сврти вниманието на надлежните кон проблемот. Во близина на дупката активистите поставија фигура од познатата анимирана серија „Ла линеа“.

Активистите алармираат дека дупката постојано се шири и претставува закана за целиот пат при поголеми врнежи на дожд.

Како изгледала истата дупка пред три години

* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.