Фото-конкурс на тема: „Подобри услови за живеење на граѓаните на Тетово“

Младински образовен форум – Тетово, во рамки на иницијативата „Подобри услови за живеење на граѓаните на Тетово“, распишува повик за фото-конкурс на тема: „Подобро Тетово“

Конкурсот е отворен од 16 март 2016 година и на него, кандидатите може да испратат неограничен број на фотографии. Фотографиите треба да се однесуваат на проблемите кои ги засегаат граѓаните на општина Тетово. Предлог проблеми за кои што можат да се испраќаат фотографиите:

– Загадувањето на воздухот;
– Сообраќајниот хаос во градот;
– Диви депонии;
– Руинирани спортски објекти и терени;
– Неисчистеното корито на реката Пена;
– Отпадот низ градот;

По завршувањето на конкурсот, организаторот ќе избере 30 фотографии кои ќе бидат претставени на јавна фото-изложба која ќе се организира во почетокот на месец мај 2016 година. Избраните 30 фотографии ќе бидат анонимно претставени, а со испраќање на фотографиите, кандидатите се согласуваат фотографиите да бидат изложени на фото-изложбата. 

Фотографиите може да се направат со дигитална камера или мобилен телефон. Сите испратени фотографии кои се однесуваат на дадената тема, дополнително ќе бидат објавени на младинскиот информативен сајт www.mladite.mk.

Фотографиите може да се испраќаат на е-маил адресата mladitemk@gmail.com најдоцна до 31 март 2016 година.

Иницијативата „Подобри услови за живеење на граѓаните на Тетово“ се спроведува во рамките на проектот „Трансфер на знаење за политиките на ЕУ за намалување на разликите меѓу граѓанските организации од скопскиот и другите плански региони“ спроведуван од Македонски центар за европско образование, а финансиски поддржан од Civica Mobilitas.