[Фото] „Кажете им на облаците Битола умира“ – активисти испратија порака од црвениот килим на „Браќа Манаки“

Во духот на годинешниот Фестивал „Браќа Манаки“ и неговиот слоган „tell the clouds, синоќа во Битола на црвениот килим, а и низ градот, група граѓански активисти од Битола решија да ја изменат пораката.

Тие на отворањето на Фестивалот се појавија со порака „Tell the clouds Bitola is dying!“ – Кажете им на облаците Битола умира! испишана на нивните маици, како и на постери низ градот.

„Битола умира поради негрижата кон градот и масовното иселување поради загадувањето, а оваа порака го изразува огромното незадоволство на граѓаните кои сметаат дека е крајно време Битола да живее и битолчани да дишат чист воздух“, велат иницијаторите на оваа акција.

Постерот од акцијата