[Фото] Уште една принова во скопската зоолошка градина, се роди камилата Буби

Од Зоолошката градина во Скопје соопштија дека имаат нова принова, овој пат станува збор за двогрба камила.

„За првпат имаме бебе од видот двогрба камила (бактријан) кое се роди пред една недела“, стои во информацијата што ја сподели скопската зоолошка градина на Фејсбук.

Оттаму информираат дека малиот Буби напредува и е во придружба на неговата мајка, а за околу една недела се очекува да биде и во надворешното живеалиште со таткото. Тогаш и сите посетители ќе имаат можност да го видат.

Само во изминатиов месец, во скопската зоолошка градина се родија лама, лемур и три лавчиња.