Уметникот Николај Лем изработи кукла Лемили, според мерките на просечната 19-годишна Американка.
Долги нозе и неверојатно тенка половина, и воопшто непропорционално тело се одликите на омилената кукла – Барби.
Но, како таа би изгледала доколку е обична просечна девојка? Идејата ја разработи уметникот Николај Лем, кој изработил рототип на куклата „Лемили“.
Лемили во почетокот била само 3Д идеја, но уметникот сега работи на изработка на вистинска кукла, која може да се купи. Неговиот труд под паролата е „просечното е убаво“ можете да го поддржите тука.