[Фото] Како би изгледало Скопје кога би го граделе најдобрите архитекти во светот?

Како би изгледало Собранието кога би било изградено по замислата на Жак Херцог и Пјер де Мерон, или пак, Археолошкиот музеј според архитектката Заха Хадид?

Во обид да го прикаже тоа, младиот Енес Север, кој е на постдипломски студии на Politecnico di Milano во Италија, ги комбинира постоечките градби од проектот „Скопје 2014“ и делата на великаните во архитектурата.

Север дава идеја за тоа како центарот на Скопје би можел да изгледа модерно. Неговото дело „Contrast Delusion“ се заснова на градби кои досега ја добиле наградата „Прицкер“, која инаку се смета за „Нобелова награда во полето на архитектурата“.

Стопанска Комора

Археолошки музеј

Хотел Мериот

Собрание на Р. Македонија