[Фото] Град целосно направен од картон

Привремениот град на францускиот уметник Olivier Grossetête претставува огромна инсталација поставена во Барангару, како дел од фестивал кој се случува деновиве во Сиднеј, Австралија. Проектот е отворен за јавноста, така што секој може да помогне во неговото градење во периодот од 8 до 28 јануари, а на последниот ден од фестивалот ќе биде урнат.

Проектот отсликува дел од претходни творби на Grossetête со кои учествувал и на други фестивали како The People’s Tower на Glastonbury Festival и La ville éphémère  во Марсеј, Франција.

Тој го користи картонот за изработка на своите уметнички дела уште од 1998 година и е нешто што според него може многу лесно да се најде и да се работи. Grossetête смета дека има смисла картонот да се користи во изградба на структури.

„Врската помеѓу картонот и архитектурата е навистина блиска, бидејќи со картонот се пакува и се е поврзано со фасади, што е тесно поврзано со архитектурата. Во архитектурата ние пакуваме нешто“, вели Grossetête.