[Фото] Герила акција: Ги исековте сите дрвја, каде птиците да прават гнезда?

Новата уметничка акција насловена како „Поддршка за птиците во Скопје“ има за цел во овие пред велигденски денови да алармира на се поголемиот број исечени дрвја во градот.

„Градското зеленило е намалено за 40 отсто за само 8 години, што освен на загадувањето и унуштувањето на амбиенталните вредности на градот, влијае на севкупниот биодоверзитет во градот. Конкретно, со уништувањето на старите и возрасни дрвја во градот не само што се уништуваат долгогодишните постоечки гнезда на птиците, туку тие многу често немаат место за гнездење. Според податоците од еколошките здруженија, голем број птици како славејот, песнопојките, клукодрвците, ќосот и слични племенити птици, се пред исчезнување во градот, заради уништување на нивниот хабитат“, велат анонимните урбани уметници.

Во продолжение, погледнете ја герила акцијата во центарот на Скопје.