[Фото] Фитнес зона во парк-шумата Гази Баба

Фитнес зоната во парк-шумата Гази Баба од денеска е достапна за сите љубители на спортот и рекреацијата. На површина од 200 метри квадратни поставени се реквизити за сите возрасти и спортисти. Дел од нив се адаптирани и за лицата со хендикеп.

„Со ова, граѓаните од Железара и околните населени места во своја близина добија свое катче за рекреација и спорт и тоа во природа, во парк шумата, која претставува природно богатство на општината, а бенефит за граѓаните“, соопштија од Општина Гази Баба.

Проектот се реализираше со помош на Агенцијата за млади и спорт.