[Фото] #365 денови исполнети со ѓубре

Во 2011 година, фотографот Антоан Репесе престанал да го фрла своето ѓубре за да ја нагласи улогата на луѓето како потрошувачи. По четири години, тој започнал да ја прикажува оваа идеја преку неговите фотографии кои ги нарекол „#365неотпакувани“.

Во текот на овој период, францускиот уметник насобрал речиси 70 метри кубни ѓубре, или поточно, 1 600 шишиња со млеко, 4 800 тоалетни ролни и 800 килограми весници, кои ги селектирал за да направи уште посилен визуелен импакт.

„Сакав да прикажам естетска димензија на мојата работа“, објаснува тој. „Изборот за сортирање на ѓубрето дава графички ефект. Се обидов да направам совршена слика која предизвикува вознемирување“, додава фотографот.

Тој се надева дека неговиот проект ќе инспирира промени кај луѓето. Фотографиите на Репесе предизвикаа внимание во јавноста и досега беа претставени на бројни изложби.

Во продолжение, погледнете дел од нив: