Flower city – донации за садење дрва

80% од шумскиот фонд во светот е веќе уништен. Секој од нас може да допринесе за зазелнување на нашата планета. 1 долар = 1 засадено дрво.

Вака стои во описот на фандрејзинг кампањата за донации за садење дрвја „Flower City“, која оди преку Оne Tree Planted, непрофитна организација која финансира проекти за пошумување низ целиот свет.

„Пошумувањето е идентификувано како број 1 најефикасно и достапно решение за ублажување на климата, преку студија од научници од повеќе од 15 институции низ целиот свет. Дрвјата го чистат воздухот што го дишеме и водата што ја пиеме. Исто така, тие придонесуваат за стабилна клима и целосно здравје, го поттикнуваат биодиверзитетот и животинскиот свет, давајќи позитивно социјално влијание“, стои меѓу другото во донаторската кампања.

Понатаму, пишува дека драстично се зголемува уништувањето на шумите, а само во 2017 година, Земјата секоја секунда губеше шума колку 40 фудбалски игралишта. Сето тоа се случуваше поради рударство, шумски пожари, лоши практики за управување со шумите…

„Не можеме да го вратиме сето тоа, но можеме да помогнеме за обнова. Јас сакам дрвја! Дали и ти сакаш? Тие се столбовите на нашите авантури на отворено, бесконечен извор на инспирација и создаваат прекрасни пејзажи, во кои се надеваме дека ќе уживаме во наредните години“, се вели во фандрејзерот „Flower city“, поттикнат од луѓе од земјава.