Филмскиот фестивал „Movies that matter“ со проекција во Тетово

Утре, 5-ти декември, среда, со почеток во 19 часот во Центарот за балканска соработка Лоја во Тетово ќе биде прикажан филмот Algo Mio, Argentina’s Stolen Children во рамките на второто издание на „Movies that matter“, филмски фестивал за документарен филм чија цел е одбележување на Меѓународниот ден на човековите права, 10-ти декември.

По филмот ќе следува дискусија со Санела Шкријељ, на тема: „Кога жртвата не се чувствува како жртва, дали сторителот треба да се соочи со судење?“.

“Movies that matter”, го организираат Младински образовен форум во соработка со Амбасадата на Кралството Холандија и ја користи моќта на филмот за поддршка на човековите права и социјалната правда. Филмскиот фестивал служи како уникатна платформа за дијалог за јавноста, експертите, уметниците, креаторите на политики, новинарите и граѓанското општество.

Филмовите се со превод на англиски јазик. Влезот е бесплатен.

Ве очекуваме!

Повеќе за фестивалот на www.mof.mk/moviesthatmatter2018

Повеќе за филмот:

Algo Mio, Argentina’s Stolen Children (Режија: Jenny Hellmann, Regina Mennig, / Земја: Германија / Времетраење: 93 минути)

„За време на диктатурата на воената хунта во Аргентина во 1970-тите, новороденчињата биле одземани од опонентите на режимот. Овие субверзивни елементи биле елиминирани и нивните деца биле сместени во згрижувачки семејства, од кои многумина биле воен персонал во служба на хунтата. „Мајките на Плаза де Мајо“ протестирале со децении, барајќи поголема јасност за судбината на нивните исчезнати деца и внуци. Тие постигнале успех и биле спроведени судски процеси за повторно обединување на внуците на исчезнатите родители со нивните биолошки семејства.

Хиларио и Каталина се две од многуте “украдени деца на Аргентина”. Тие ја дознале вистината за нивното потекло пред неколку години и сега водат судски спор против нивните посвоители. Сепак, не сите го сметаат откритието за благослов. Додека Каталина ја доживува вистината за нејзиното потекло како спас и е нестрплива да ги донесе нејзините згрижувачки родители на суд, Хиларио всушност го гледа како ужасно откровение. Тој ги сака своите згрижувачки родители и е многу неволен да го прифати своето биолошко семејство. Исто така, тој сака да го спречи семејството што го гледа како свое од одење во затвор. Кога жртвата не се чувствува како жртва, дали сторителот треба да се соочи со судење?

Режисерките Џени Хелман и Реџина Мениг ги следеле Хиларио и Каталина во период од две години, за време на тешките судски случаи против нивните згрижувачи родители, давајќи и на публиката сосема свеж поглед на аргентинската историја и сложеноста на обработката на националната траума.“