Фестивалски ќе се одбележат 27 години електронска музика во Македонија

„Македонија на струја“ е фестивал со кој на 30 март во МКЦ ќе се одбележат 27 години постоење на домашната електронска сцена. Идејата е овој фестивал да продолжи и идните години, собирајќи ги на едно место најзначајните имиња на македонската електронска сцена.

„Речиси 30 години, респектабилен број на луѓе ги вградија својот интегритет, креативност и животна енергија во корпусот на оваа сцена и обезбедија да бидеме дел од светскиот електронски real time процес. Нашите диск џокеи, композитори/продуценти, па и промотери (и самите тие фанови), поставија здрави корени и сериозни критериуми, кои речиси 30 години обезбедуваат основа за развој на оваа сцена. Разнолоикоста на идеи, пристапи, музички стилови е наше богатство, кое го должиме токму на пионерите на оваа сцена, но и сите оние кои ја преземаа идејата и ја пренесоа во новото време. Време кое изобилува со шаренило, квантитет, па и квалитет, кои беа речиси незамисливи пред триесетина години“, велат организаторите.

Македонија на струја“ е и платформа за меѓусебна соработка пред се на артистите, но и на сите чинители на сцената. Нејзина цел ќе биде да опфати што поголем број на домашни електронски продуценти во следните години.

На 30 март, со почеток од 23 часот ќе настапат:

APOSTOLSKI
BODAN JAMAKOSKI
VASO
DEJAN DEX
DIAH
EMI ERMILOVA
GALATHEIA
FLOODER
GORAN KAN
HERZEL
MIRKO POPOV
ROBOTEK
SAMOIL RADINSKI
VIDINOVSKI
ZOKI BEJBE
PASS-N-G-R

Билети може да се купат на следниот ЛИНК.