Фестивалот на културите во Берлин низ фотографии

Десетици илјади луѓе дефилираа на годинешното издание на Фестивалот на културите кој традиционално се одржува во Берлин. И покрај силниот ветер и дожд, можеа да се забележат огромен број на маски за време на парадата овој викенд.

Настанот кој трае четири дена, ја слави културната разноликост и претставува место каде музичари и танчари со различни позадени ја забавуваат публиката преку нивните потези и настапи.

На фестивалот може да се забележат млади, но и возрасни луѓе кои имале желба да се маскираат. Во продолжение, дел од атмосферата прикажана низ фотографиите на „Ројтерс“.