Фестивалот „Dimensions 2014“ ги исполни сите очекувања

Лани останавме без зборови, па решивме уште една година да пробаме да ги собереме импресиите, надевајќи се дека првенчето не било фасцинација, само затоа што ни било прво. И „Dimensions 2014“ не не разочара, барем не музички. Иако лесно се забележуваа техничките и организациските пропусти, за ваков фестивал кој не брои повеќе од 10 000 посетители, главниот адут се внимателно одбраните и аранжирани музички имиња и сетови, распределени во 5 дневна програма која содржеше гала концертно отворање, повеќе од 30 журки на бродови и над 200 артисти. Иако бевме скептици пред почетокот, главно поради малиот број „ѕвездени“ имиња, ама повторно сме затекнати од тоа колку нашето музичко поднебје е назад во однос на светското.

1 by Dan Medhurst

Па така, отворањето, кое сите можеа и да го гледаат во живо на интернет на boilerroom.tv, ги донесе Nils Frahm, Kwabs, Darkside и Caribou, сите со настап во живо во амфитеатарот стар повеќе од 2 000 години. Ова беше магичен и мек вовед во фестивал каде се негува културата на „рејв“. Caribou беа фаворити на вечерта, a Dan Snaith се чини дека е на пат да стане култна фигура во модерната поп и денс музика.

2 by Marc Sethi

Екипата на РадиоМОФ, подготвено и без двоумење, првата вечер на фестивалот ја помина на „The Void“.

3 by Marc Sethi

Дневниот „takeover“ на оваа сцена беше составен од берлинските Ostgut Ton со Nick Hoopner, Tama Sumo, Ben Klock и Marcel Dettmann.  Kode9 и Hyperdub пак бешеекипата која ја освојуваше првата сцена на „Fort Arena“ каде  поминавме на кратко, но секоја можност да се чујат DJ-те на Berghain e добредојдена и ја исползувавме до максимум. Најверојатно оваа идеја ја имаа голем дел од посетителите, па The Void не престана да се полни во текот на ноќта. Веќе вториот ден организаторите решија да направат промена на распоредот, па му дадоа уште поударен термин на Jon Hopkins, кој буквално ја собра целата публика на фестивалот (без замрка за заспаните кампери) и со својот енергичен настап остави печат за како изгледа вистинскиот „Dimensions Festival“.

4 by danmedhurstphotography

Нешто подоцна во ноќта со одличниот сет нa Ben UFO во The Moat, публиката патуваше длабоко во електронските подземја, кога се случуваше и настапот на Vatican Shadow, американскиот продуцент кој неколку дена пред Dimensions настапуваше и во Скопје, за подоцна да има бескомпромисно енергичен настап на „Fort Arena 1“.

5 by Jack Pasco Photography

Третата вечер Dj Stingray беше потценетиот маскиран витез. Иако за многумина непознат, публиката која го гледаше неговиот настап не знаеше што да очекува. Во куферот на своевремениот DJ на култното дуо Drexciya, можеше да се најде секаква плоча , и направи одличен електро бленд помеѓу сетовите на Funkineven и Special Request. Но, вечерта секогаш мора да заврши во Moat. Холандското дуо Abstract Division ја затресоа тврдината, отварајќи му на секогаш популарниот Blawan да го донесе сонцето со сет помеѓу 4 до 6 часот . По пат накај скромните шатори, на The Clearing го „начекавме“ Daphni (Caribou), држејќи ја утринска лекција за љубов. Финалето, така аранжирано од организаторот, беше полно со уникатни актови како Moriz van Oswald & Juan Atkins present Borderline, AUX 88 и Karenn, Floating Points и црешата на колачот во вид на Underground Resistance present Timeline. Сепак режисерската палка ја зема циклонот Тончи кој реши да ја затворо третата сцена , да ја стави публиката во паника и да му даде една лоша нота на фестивалот кој изминатите три години не знаеше за пречка.

6 by Dan Medhurst

Вечерта продолжи за најупорните, и секако се исплатеше. Nina Kravitz имаше настап на животот, веднаш пред Ø [Phase] за да ја истресе калливата публика. На публиката и бе малку овие три и половина фестивалски денови. Со нетрпение го очекуваме следното издание на хрватскиот„Dimensions Festival“.

7 by Dan Medhurst

Борис Момиќ и Дијана Димитриевска