Се одржува вториот Фестивал на органска храна и еко производи

Денеска, со почеток од 9 часот се одржува второто издание на Фестивалот на органска храна и еко производи, кој го организира Здружението „Изгрејсонце“. Органските производи ќе бидат изложени во Реонскиот парк во Ѓорче Петров до 16.00 часот.

На фестивалот ќе учествуваат 15 излагачи – производители на органска храна од Република Македонија. Целта на оваа манифестација е да се промовира и потикне традиционалниот начин на подготовка на македонски производи и чиста и органска храна.

Во рамките на фестивалот ќе биде одржан и Органски Хајд Парк на кој експерти, производители и иноватори ќе зборуваат за органското производство во Македонија.