Фестивал на француски филм во Скопје

По петте успешни изданија, Фестивалот на француски филм во Македонија и годинава ќе понуди богат избор на филмови и гостувања на реномирани француски синеасти.

Оваа година, Фестивалот на француски филм ќе се одржува во два града:
* Скопје: проекции на 26 и 27 јуни, во киното „Синеплекс“;
* Охрид: проекции од 28 до 30 јуни во Центарот за култура.

Целите на фестивалот остануваат исти: прикажување на француската кинематографија на балканските простори, понуда на најдобрите француски филмови од најнова продукција и дебати со гостите по проекциите.

Изборот на филмови за ова издание на фестивалот го направи Жан-Мишел Фродон, поранешен уредник на “Каје ди синема“ (Cahiers du cinéma). Циклусот „Долна Нормандија во фокусот“ ќе стави акцент врз филмското тврештво на овој регион, кој има извонредна соработка со Македонија во најрзалични области.